Page 10 - Секретаријат за законодавство
P. 10

користи заедничкиот термин право на ЕУ или право на Ев ропската
            унија или законодавство на Европската Унија или само  Acquis.

            Оваа разлика е многу лесно да се забележи во насловот на секој прав­
            но обврзувачки акт донесен на ниво на ЕУ. Пред ноември 1993 годи­
            на, правните акти имаа нумеричка ознака завршувајќи со акроним
            ­ ЕЕЗ (Европска економска заедница). Од влегувањето во сила на До­
            говорот од Мастрихт, па до влегувањето на сила на Лисабонскиот до­
            говор во декември 2009 година, се користеше акронимот ЕЗ (Европ­
            ска заедница). По Лисабонскиот договор, се користи акронимот ЕУ.  1
            Најважната промена воведена со Лисабонскиот договор е јасната и
            прецизната поделба на надлежностите меѓу ЕУ и земјите­членки.
            Ова  се  однесува  на  одговорноста  за  носење  одлуки  во  одредена
            политика. Договорот од Лисабон јасно ги дефинира областите во
            кои ЕУ има надлежност за ексклузивност, споделување и поддршка.

            Во политиките каде Европската унија има ексклузивна надлеж­
            ност, ЕУ има ексклузивна законодавна моќ и моќ за носење од­
            луки за регулирање на овие области, а земјите­членки на ЕУ не
            треба да се мешаат со своите регулативи во овие области бидејќи
            оваа  надлежност  ја  делегирале  на  ЕУ  и  нејзините  институции.
            Областите во кои ЕУ има исклучива надлежност се наведени во
            Договорот и вклучуваат: царинска унија, правила за конкуренција
            за внатрешниот пазар, монетарна политика за еврозоната, тргов­
            ска политика и заштита на морските биолошки ресурси.
            Повеќето надлежности се поделени меѓу ЕУ и земјите­членки. Во
            политиките каде ЕУ и земјите­членки имаат заедничка надлежност,
            земјите­членки може да преземаат мерки додека и доколку ЕУ сè
            уште нема преземено мерки. Од друга страна, во овие области на
            споделени надлежности, ЕУ може да интервенира само ако одреде­
            ни цели утврдени со договорите не може да се постигнат од земји­



            1  пр. Директивата 86/653/ЕЕЗ на Советот од 18 декември 1986 година за коорди­
            нација на законите на земјите­членки во врска со самовработени трговски аген­
            ти; Директивата 98/34/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 22 јуни 1998
            година за утврдување постапка за обезбедување информации во областа на тех­
            ничките стандарди и прописи; Директивата 2010/31/ЕУ на Европскиот парла­
            мент и на Советот од 19 мај 2010 година за енергетски карактеристики на згради;


            8
   5   6   7   8   9   10   11   12   13   14   15