Page 9 - Секретаријат за законодавство
P. 9

поредок  на  земјите­членки.  Меѓународното  право  ги  регулира
                односите меѓу државите, кои се третираат како правни субјекти.
                Правото на ЕУ се состои од севкупен пакет на права и обврски кои
                се однесуваат на земјите­членки, но кои, исто така, наметнуваат
                права и обврски на физичките и правните лица во овие држави.
                Пред  влегувањето  во  сила  на  Договорот  од  Лисабон  (2009),
                обично  поимот  законодавството  на  Европската  заедница  се
                користеше различно од правото на Европската унија. Оваа разлика
                се  засноваше  врз  системот  од  три  столба,  кој  беше  воведен  со
                Договорот од Мастрихт, кој влезе во сила во 1993 година.

                Законодавството  изработено  во  рамките  на  Европските  заедни­
                ци (Европската заедница челик и јаглен, Европската заедница за
                атомска енергија и Европската економска заедница) се нарекува
                законодавство на Европските заедници.

                По усвојувањето на Договорот од Мастрихт, донесеното законодав­
                ство во рамките на првиот столб (Европската заедница) се означу­
                ваше како право на Европската заедница или право на ЕЗ за разлика
                од законодавството усвоено од страна на меѓувладината соработка
                во рамките на вториот и третиот столб (право на Европската унија).
                Тристолбната структура и разликата меѓу правото на ЕЗ и правото
                на ЕУ беше укинато со Лисабонскиот договор кој на Европската
                унија ѝ додели статус на правно лице.

                Договорот од Лисабон е меѓународен договор кој заменува два
                договори  кои  ја  формираат  уставноста  на  Европската  унија.
                Договорот  од  Лисабон  беше  потпишан  од  страна  на  земјите­
                членки на ЕУ на 13 декември 2007 година, а стапи во сила на 1
                декември 2009 година. Тој го изменува и дополнува Договорот за
                Европската унија (Мастришкиот договор) и Договорот за основање
                на Европската заедница кој сега гласи Договор за функционирање
                на Европската унија (ДФЕУ). Статусот на правно лице на ЕУ го
                замени  статусот  на  Европската  заедница  и  Европската  унија  и
                стана правен наследник на Европската заедница.

                Денес, по влегувањето во сила на Договорот од Лисабон, поимите пра­
                во на Европската заедница и законодавство престанаа да пос то јат и се



                                                                                  7
   4   5   6   7   8   9   10   11   12   13   14