Page 7 - Секретаријат за законодавство
P. 7

ВОВЕД
                     о процесот на интегрирање во Европската унија, освен испол­
                Внувањето на Копенхагенските политички и економски крите­
                риуми, Република Ма кедонија треба да изврши и усогласување
                на национално законодавство со законодавството на Европската
                унија, односно со Acquis.

                Acquis  претставува  правен  систем  на  Европската  унија  што  ги
                содржи сите заеднички вредности стекнати од постоењето на За­
                едницата тргну вајќи од Договорите за основање на Заедницата, и
                тоа Договорот на Европската заедница за јаглен и челик од 1951,
                Договорот за Европската заедница за атомска енергија (ЕВРОА­
                ТОМ) од 1957 и Договорот за Европската економска заедница од
                1957 година, како и останатите договори со коишто се менуваат
                и дополнуваат пос тојните договори и тоа, Единствениот европ­
                ски акт (SEA­Single European Act) од 1986 година, Договорот од
                Мастрихт од 1992 година, Договорот од Амстердам од 1997 годи­
                на, Договорот од Ница од 2000 година и Договорот за Европската
                унија од Лисабон од 2007 година, па сè до правните акти коишто
                ги донесуваат институциите на Европската унија и судската прак­
                са којашто ја креира Европскиот суд на правдата.
                Целта на подготвувањето на овој прирачник е да се создаде една
                практична алатка којашто ќе упати на основните карактеристики
                на правниот систем на Европската унија, а со цел да се објаснат
                основните принципи на коишто тој е изграден и функционира. По­
                ради тоа сметаме дека со овој прирачник ќе се обезбедат појдов­
                ните основи неопходни на сите субјекти вклучени во процесот на
                хармонизација и усогласување на националното законодавство со
                законо давството на Европската унија, особено на ресорните ми­
                нистерства коишто гo но сат најголемиот товар и обврски во овој
                процес. Се надеваме дека истиот ќе биде од корист и за другите
                органи на државната управа коишто на кој било друг начин учест­
                вуваат или го потпомагаат овој процес.
                Критериумот за интеграција во Европската унија којшто значи при­
                фаќање и имплементација на acquis на ЕУ, всушност, значи при­
                фаќање на „заед ничките вредности”, за што е потребно позна ва ње
                на правото на Европската унија, особено на одредбите коишто не­

                                                                                  5
   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11   12