Page 8 - Секретаријат за законодавство
P. 8

посредно се применуваат на територијата на земјите­членки на Ев­
            ропската унија, преземање на одредени одредби во наци оналниот
            правен  систем  во  зависност  од  обврските  што  про из ле гуваат  од
            членството во Европската унија и познавање на до сегашната суд­
            ска пракса на Европскиот суд на правдата чиишто одлуки се смета­
            ат за формален извор на правото на Европската унија.

            За правилно усогласување на законодавството на Република Маке­
            донија со законодавството на ЕУ, овој прирачник нуди преглед на
            промените настанати со влегувањето во сила на Договорот од Ли­
            сабон. Овој прирачник исто така, дава преглед на општите прин­
            ципи на законодавството на ЕУ, структурата на законодавството на
            ЕУ, фазите и методите за неговото транспонирање во национално­
            то законодавство на Република Македонија за потребата од при­
            ближување  односно  хармонизација  на  националното  законодав­
            ство со законодавството на ЕУ, како и начинот на презентирање и
            оценување на транспонирањето во кореспондентните табели чии
            примероци може да се најдат во прилог на овој прирачник.
            Изјавата за усогласеност на прописите коишто се донесуваат во Ре­
            публика Македонија со правните акти на ЕУ, и кореспондентните
            табели,  беа  претставени  во  овој  прирачник,  заедно  со  соодветни
            објаснувања  и  упатства  за  на чинот  на  нивното  пополнување  со­
            гласно  стекнатото  практично  искуство  на  надлежните  министер­
            ства, Секретаријатот за европски прашања и Секретаријатот за за­
            конодавство во однос на изготвувањето, односно усвојувањето на
            национал ните прописи. Понатаму, дадени и објаснети се примери
            и најдобри практики на транспонирање и спроведување на правото
            на ЕУ во земјите­членки (примерот на Хрватска и Полска). Овие
            примери можат да им послужат за правните експерти во клучните
            институции како основа за компаративна анализа во нивната работа
            при транспонирањето на правото на ЕУ и може да го олеснат проце­
            сот на хармонизација на законодавството на Република Македонија.

            I.  ЗАКОНОДАВСТВОТО  НА  ЕВРОПСКАТА  УНИЈА  ПО
            ДОГОВОРОТ ОД ЛИСАБОН

            Законодавството на Европската унија создаде нов правен поре­
            док  различен  од  меѓународното  право  и  националниот  правен


            6
   3   4   5   6   7   8   9   10   11   12   13