Page 3 - Секретаријат за законодавство
P. 3

ПРИРАЧНИК ЗА ТРАНСПОНИРАЊЕ НА
                       ПРАВОТО НА ЕУ ВО ЗАКОНОДАВСТВОТО НА
                                 РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

                Во рамките на Твининг проектот за приближување на за ко но дав ство­
                то во областа на внатрешниот пазар, кој е финансиран од страна на
                Европската агенција за реконструкција и развој, реализиран во пе­
                риодот 2004/2005 година меѓу Република Словенија и Ре пуб ли  ка Ма­
                кедонија, Секретаријатот за законодавство во рам ки те на Владата на
                Република Македонија и Канцеларијата за за ко но дав ство при Влада­
                та на Република Словенија создадоа При рач ник за начинот на транс­
                понирање на законодавството на ЕУ во македонското законодавство,
                и врз основа на искуствата на Ре пуб лика Словенија и ситуацијата во
                Република Македонија во процесот на усогласување на национално­
                то законодавство и во очекување на статусот земја кандидат за ЕУ.
                Во 2008 година, Секретаријатот за законодавство го изработи и
                објави второто издание на Прирачникот за транспонирање на за­
                ко нодавството на ЕУ во македонското законодавство. Во 2010 го­
                ди на беше објавено третото издание, што беше резултат на стекна­
                тите практични искуства во текот на транспонирање на европско­
                то законодавство во законодавството на Република Македонија.
                Особена чест и задоволство ми е што сега, шест години по прет­
                ставувањето на третото издание на Прирачникот, ви го претставувам
                четвртото издание, во кое се содржат пренесените искуства во про­
                цесот на транспонирање на законодавството на земјите член ки на Ев­
                ропската унија, како што се Полска и Хрватска, во рам ки на Твининг
                проектот „Понатамошно зајакнување на органи за цис ки  те и инсти­
                туционалните капацитети за процесот на европската ин теграција“,
                како и новостекнати практични искуства на Секре та  ри ја тот за зако­
                нодавство во процесот на транспонирање на за ко но давството.
                Процесот  на  транспонирање  на  законодавството  подразбира
                вклу чување односно усвојување на европското законодавство во
                националните правни акти од една страна; а од друга страна, при­
                ближување на законодавството на Република Македонија со зако­
                нодавството на ЕУ. Овој процес не беше и не е лесен, проследен
                е со голем број дилеми и прашања, а во исто време претставува
                кон тинуирано учење од искуствата на земјите­членки. Процесот
                на усвојување на законодавството на ЕУ е фаза во која законодав­
                ството на Република Македонија ги инкорпорира правните акти


                                                                                  1
   1   2   3   4   5   6   7   8