Page 4 - Секретаријат за законодавство
P. 4

на Европската унија, додека паралелно развива соодветни меха­
            низми и инструменти за олеснување на успешна проценка на ис­
            тите и истовремено оставајќи трага од развојниот метод.
            Овој Прирачник е практична алатка која ќе се фокусира на неоп­
            ход  ни те карактеристики на правниот систем на Европската унија,
            со цел да ги објасни основните принципи врз кои тој е за сно ван
            и функ ционира, како и да се олеснат и обединат постапки те при
            попол ну вањето нови корелациони табели и изјавата за усо гла се­
            ност на прописот со законодавството на ЕУ со кореспонден тна та­
            бе ла, утврдена со Одлуката за формите на пропратното писмо и
            Меморандумот, содржината и формата на кореспондентната табе­
            ла и изјавата за усогласеност на прописот со законодавството на
            ЕУ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 92/10), како и
            означувањето на подзаконските прописи коишто се предмет на усо­
            гласување со прописите на Европската унија, согласно Одлука та
            за востановување на ознака на прописите на ЕУ во подзаконски те
            прописи со коишто се врши усогласување со правото на Европска­
            та унија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/10).
            Прирачникот е наменет за вработените во ресорните министер­
            ства на кои им претстои најголемиот товар и обврски во овој про­
            цес. Се надевам дека истиот ќе биде од корист и за другите органи
            на државната управа кои на кој било друг начин учествуваат или
            го помогаат овој процес.

            Од овие причини,  очекувам дека Четвртото дополнето издание
            на Прирачникот за транспонирање на законодавството на ЕУ во
            законодавството  на  Република  Македонија  ќе  биде  и  понатаму
            значајна алатка за учесниците во процесот, како и до сега.
            Се надевам дека неговата содржина ќе ви обезбеди корисни ин­
            формации и знаења за постапување при усогласување на законо­
            давството на Европската унија, користејќи го притоа и Вашето
            стекнато искуство и научени лекции, со што заеднички ќе при­
            донесеме во зајакнување на напорите за остварување на крајната
            цел – членство во Европската унија.


                                             Лила Пејчиновска Миладиновска
                                                          Секретар
                                           на Секретаријатот за законодавство
                                         на Владата на Република Македонија


            2
   1   2   3   4   5   6   7   8   9